Болест на чвореста кожа
2017
Tuppurainen, E. | Alexandrov, T. | Beltrán-Alcrudo, D.
russe. Болест на чвореста кожа (БЧК) е вирусна болест на говеда. Таа се карактеризира со чворови на кожата, најчесто ја пренесуваат комарци, инсекти кои се хранат со крв и муви. Болеста има драматични последици во руралните средини, каде што најчесто се многу зависни од говедата, бидејќи го намалува производството на млеко и може да доведе до стерилност кај биковите и проблеми со плодноста кај женките. Болеста ја оштетува кожата и предизвикува смрт поради секундарни бактериски инфекции. Ефектите на национално ниво исто така се катастрофални, бидејќи присуството на болеста предизвикува строги трговски ограничувања. Иако традиционално болеста е ограничена на суб-сахарска Африка, БЧК полека почнува да се шири на нови територии како што се блискиот исток и Турција, а од 2015 година, ги зафаќа териториите на поголемиот број балкански земји, Кавказ и Руската Федерација, каде што болеста и понатаму продолжува да се шири. Постои голем ризик од проширување на болеста на територии во соседните земји, кои сè уште не се зафатени. Во сегашната ситуација, ветеринарните служби од зафатените и земјите кои се под ризик на блискиот исток и Европа се соочуваат со болеста за прв пат. Официјалните ветеринари, фармерите со говеда и другите субјекти од ланецот на вредност, не се запознаени со клиничкото манифестирање на БЧК, правецот на нејзино пренесување како и достапните опции за спречување и контрола. Овој прирачник има цел да ги пополни овие празнини преку обезбедување потребни информации за докторите по ветеринарна медицина и ветеринарните техничари со цел брзо дијагностицирање и реагирање во случај на појава на БЧК. Корист од овој прирачник исто така ќе имаат и самите одгледувачи на говеда.
Afficher plus [+] Moins [-]Mots clés AGROVOC
Informations bibliographiques
Cette notice bibliographique a été fournie par Food and Agriculture Organization of the United Nations
Découvrez la collection de ce fournisseur de données dans AGRIS